Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Жени, правете мамограм секоја година“: Карла Бруни откри дека имаше рак на дојка и ја победи болеста

„Жени, правете мамограм секоја година“: Карла Бруни откри дека имаше рак на дојка и ја победи болеста

Карла Бруни за првпат се отвори за својата животна борба. Поранешната прва дама на Франција откри дека пред 4 години се бореше со рак на дојка и дека успеа да ја победи болеста.

Во објава на Instagram, таа споделува дека мина низ операција, зрачење и сè останато низ што минуваат лицата со оваа дијагноза.

55-годишниот поранешен супермодел призна дека редовните мамографии ја спасиле од мастектомија, па апелира до сите жени да прават редовни прегледи.

Карла Бруни

Пред четири години ми беше дијагностициран рак на дојка. Операција, терапија со зрачење, хормонска терапија, поминав низ вообичаениот пат на лекување за овој тип на рак. Но, имав среќа – мојот рак сè уште не беше агресивен.

Зошто овој рак не беше агресивен? Затоа што немаше време да се развие. Затоа што секоја година на ист ден правам мамографија. Ако не правев секоја година преглед, денес немаше да ја имам левата града.

Не го пишувам овој пост за да ви откријам детали за моето здравје, долго време се двоумев пред да го споделам ова. Но, причината поради којашто го објавувам ова денес е поради тоа што имам една порака да пренесам.

Ова е фундаментална порака за сите жени кои ќе го прочитаат ова: Правете мамографија секоја година. Правете мамографија, вашиот живот зависи од тоа.

Карла сега е среќна што здравствените предизвици се минато и гордо чекори на модните писти и црвениот тепих на големите свечености.

Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни

Таа е во брак со Никола Саркози од 2008 година.

Карла Бруни

Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка, па токму тоа беше причина што Бруни одлучи да ја сподели својата приказна.

Карла Бруни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.