Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Карла Бруни е новата дива на Bulgari

ФОТО: Карла Бруни е новата дива на Bulgari

Карла Бруни е новата муза на Bulgari. Поранешната прва дама на Франција повторно зачекори во модната индустрија, благодарение на соработката со луксузниот италијански бренд.

45-годишната сопруга на Никола Саркози е новото заштитно лице на колекцијата накит Diva на Bulgari. На фотографиите од кампањата Бруни изгледа како вистинска дама која гордо ги носи префинетите парчиња накит.

Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни

„Bulgari за мене е симбол на страста и на таа жива и колоритна римска веселост. Парчето накит не може да се спореди со друг предмет. Тоа е поинтимно од сè друго – физички интимно се разбира, бидејќи го украсува телото непосредно на кожата, честопати блиску до местото на кое чука срцето. Од наједноставните прстени, па до најсофистицираните огрлици, секое парче накит секогаш има да раскаже лична приказна. Сакам кога работите имаат приказна“ – изјавила Бруни.

Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни

Фотографиите биле направени од познатиот фотограф Тери Ричардсон во Рим.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.