Диор ја засили модната треска во Париз. На ревијата на францускиот гигант присуствуваа стотици гости, меѓу кои и Кара Делевин и Џенифер Лоренс.
И двете седеа во првиот ред на шоуто, а и двете носеа креации со потпис на Диор.
26-годишниот модел се појави во нежно, женствено издание со розов плисиран фустан додека 28-годишната актерка носеше сува фустан со А-линија и впечатливи очила за сонце.












Фоторепортерите не пропуштија да се фокусираат на свршеничкиот прстен кој блескаше од раката на Лоренс. Славната оскаровка се вери на почетокот на месецов.




