По премиерата на новиот спот на Еминем и Ријана, на музичкиот канал MTV премиерно беше прикажан новиот спот на Кание Вест за синглот „Power“.
Многу негови обожаватели останаа со знак прашалник на лицата и сè уште се обидуваат да откријат која е поентата на спотот кој трае само 90 секунди. Наместо стандарден музички спот, Кание ја изненади својата публика со т.н. „видео слика“.
„Не е видео... тоа е слика!“ – напиша тој на Twitter еден ден пред премиерата.
Марко Брамбила, режисерот на спотот, изјавил дека сакале ѝ дадат современ изглед на идејата некој што е бесмртен подоцна да стане смртен и да го прикажат тоа на начин што ќе ја поврзе со историјата на уметноста.
Кание Вест е централна фигура и симболизира моќ. Тој е поставен во средината, носи црна блуза и голем ланец (што го носеше на доделувањето на BET наградите) и како што се оддалечува камерата од него, се прикажуваат повеќе жени, некои од нив светици, некои грешници, a и неколку мажи.
„Power“ ќе биде дел од претстојниот албум на американскиот рапер.