Кети Пери си го одржа зборот и навистина сними вонземски спот за песната „Е.Т.“. Видеото како да е комбинација од „Wall-E“, „Star Trek“, „Avatar“, „Stargate“ и барем уште неколку научно-фантастични филмови.
26-годишната пејачка со помош на фантастична шминка и специјални ефекти влегува во улогата на вонземјанин кој се заљубува во робот кој ќе се претвори во човек (да, да, малку повеќе од чудно). Во видеото учествува и Кание Вест кој лебди во бестежинска состојба.
„Е.Т.“ е песна од најновиот албум на Кети Пери, „Teenage Dream“, а во моментов е огромен хит.