Камила Коељо стана мајка. Популарната модна блогерка го доби најскапоцениот подарок, за кој копнееше долго време.
34-годишната Бразилка ја сподели прекрасната вест на Instagram, објавувајќи фотографии и емотивно видео. Во него, таа рони солзи-радосници додека го слуша плачот на своето малечко.
„Нашиот ангел е тука! Каи Коељо – роден на 05.08.2022 во 20:52 часот. Моите солзи радосници кога го слушнав како плаче по речиси 24 часа породување. Благодарни сме што е здрав и што е тука со нас“ – стои во описот.
„Фала ти многу Господе“ – напиша Камила на емотивното видео од породилната сала.
Камила и нејзиниот сопруг Икаро се заедно 16 години, но дури пред една година добиле зелено светло од докторите да се обидат да имаат бебе. Главна причина за тоа била епилепсијата од која страда Камила.