Камила Коељо сними трудничка фотосесија во последниот месец од бременоста.
34-годишната блогерка позираше гола пред фотоапаратот на Марсио Амарал, а на Instagram сподели две фотографии.
„Деветте месеци додека го носам нашето бебе во мене беа најмагичното, најсилното и најмоќното искуство. Ти благодарам Господе што ми го даде најскапоцениот подарок на светот! Никогаш не сум се чувствувала толку благословена. Со нетрпение чекам да те запознаам, сине!“ – напиша Камила.
Убавата Бразилка и нејзиниот сопруг Рикаро се заедно 16 години, но дури пред една година добиле зелено светло од докторите да се обидат да имаат бебе. Главна причина за тоа била епилепсијата од која страда Камила.