Синоќа, се одржа манифестација по повод доделувањето на наградите на машкото списание GQ.
Меѓу познатите гости беше и поранешниот ангел на Victoria’s Secret Роузи Хантингтон-Вајтли.
31-годишната манекенка изгледаше како кукла додека позираше пред насобраните фоторепортери. На црвениот тепих, таа пристигна облечена во креација од колекцијата есен 1992 на Версаче. Својот изглед, Роузи го надополни со црни сандали кои исто така доаѓаа од ателјето на Версаче.
Роузи седеше на иста маса со Донатела Версаче.