Со недели наназад во медиумите се шпекулира дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се пред развод, но најновите фотографии од најпознатиот српски пар го покажуваат сосема спротивното.
Ноле и Јелена насмеани и среќни се шетаа во Милано, а папараците успеаја да ја „уловат“ нивната прошетка. На една од фотографиите, 29-годишниот тенисер нежно ја бакнува својата 30-годишна избраничка. Парот беше облечен во кежуал облека додека чекореше во познатиот италијански град.


Пред неколку дена, Новак и Јелена организираа хуманитарна гала вечера во Милано за собирање средства за Фондацијата Новак Ѓоковиќ, која им обезбедува подобро образование и живот на сиромашни деца од Србија. Јелена блескаше во краток фустан од Армани.

