Ед Ширан покажа дека е вистински џентлмен. Талентираниот пејач беше фотографиран со својата девојка по забавите за Brit Awards 2017, кога тој ѝ ги отстапи своите обувки.
Имено, 26-годишниот музичар чекореше по чорапи пред папараците откако неговата сакана Шери Сиборн доживеа незгода со високите потпетици со потпис на Кристијан Лобутин.
Ширан ги носеше „скршените“ сандали во едната рака додека со другата ја држеше својата партнерка.









