Ед Ширан и Шери Сиборн добија уште едно дете. Целата бременост парот ја чуваше во тајност, а среќната вест ја соопшти 31-годишниот пејач.
На Instagram тој сподели фотографија од бебешки чорапчиња и откри дека има уште една ќерка.
„Сакам да ве известам дека имаме уште едно прекрасно девојченце. И двајцата сме вљубени во неа и сме пресреќни што сега сме 4-члено семејство“ – напиша Ед.
Парот го држи приватниот живот што подалеку од љубопитните очи на јавноста и ретко споделува информации поврзани со семејството.
На сличен начин, Ширан ја соопшти и веста за раѓањето на поголемата ќерка Лира во септември 2020 година.
Ед и Шери се познаваат од мали нозе и се средношколски пријатели. Се верија во 2018 година, а стапија во брак една година подоцна.