Ед Ширан и Шери Сиборн наскоро ќе станат родители.
Британските медиуми известуваат дека славниот пејач и неговата сопруга ја чуваат бременоста во тајност. 28-годишната спортска обожавателка наводно треба да се породи до крајот на летото.
Ед и Шери се познаваат од мали нозе и се средношколски пријатели. Се верија во 2018 година, а стапија во брак една година подоцна.