Ед Ширан и Шери Сиборн ретко се појавуваат заедно на јавни настани.
29-годишната Англичанка го придружуваше 30-годишниот пејач на доделувањето на Британските музички награди во Лондон, каде тој ја доби наградата Текстописец на годината.
Откако беше прогласен за победник, Ед ја бакна својата сакана, а од сцената ѝ се заблагодари за целата поддршка која му ја дава. Шери гордо се смешкаше додека Ед ѝ рече дека е „најдобра“.
Ширан настапи со рок бендот Bring Me The Horizon и заедно ја изведоа „Bad Habits“.
На манифестацијата, Ед се појави во син кадифен костум.