Иванка Трамп се очекува да има многу важна улога во тимот на нејзиниот татко Доналд Трамп. Токму затоа, за време на инаугурациските свечености, големо внимание беше насочено кон неа.
35-годишната дама блесна во фустан со боја на шампањ од Каролина Ерера. Додека танцуваше во балската креација со својот сопруг Џаред Кашнер, таа наликуваше на модерна принцеза.