Софија Вергара се забавуваше и уживаше на гала вечера во Рим, организирана во рамките на Филмскиот фестивал кој во јуни ќе се одржи на италијанскиот остров Искја.
На црвениот тепих, 44-годишната ѕвезда од серијата „Modern Family“ зрачеше со сексапил, истакнувајќи ги препознатливите облини во чипкаст фустан од бразилската дизајнерка Марта Медеирос.







На забавата, славната Колумбијка танцуваше со продуцентот Андреа Јерволино.



