Моника Белучи деновиве престојува во Москва. Холивудската ѕвезда зрачеше со одмерен сексапил додека чекореше на црвениот тепих на премиерата на својот нов филм „On The Milky Road“ во главниот град на Русија.
Креацијата, во која 52-годишната Италијанка мамеше воздишки, е дело на модната куќа Долче и Габана. Својот стајлинг Белучи го комплетираше со накит од Картие.




















