Роми Стријд го прифати предлогот за брак на Лоренс ван Лиувен.
26-годишниот модел, кој ги носеше крилјата како ангел на Victoria’s Secret, се вери за време на зимување во Швајцарија. Среќниот пар, кој е заедно 12 години и има една ќерка, сподели фотографии од романтичниот момент и од големиот дијамантски прстен.
„Реков ДА“ – напиша Роми во описот.
„Ајде да остариме заедно“ – напиша Лоренс на албумот со фотографии.
Роми и Лоренс се во врска од јануари 2010 година и отпатувале во Швајцарија за да ја прослават нивната годишнина.
Таа објави дека е бремена во мај 2020 година и сподели дека имала синдром на полицистични јајници кој го отежнувал нејзиното забременување. Нивната ќерка Минт се роди на 2 декември 2020 година.