Роми Стријд се разголи и го покажа големото трудничко стомаче во последниот триместар од бременоста.
25-годишниот ангел на Victoria’s Secret позираше без облека заедно со свршеникот Лорен за изданието „Embracing Life“ на списанието dsection. Зад објективот застана фотографот Филипе Фогелензанг.
Роми сподели колажи со фотографии „некогаш и сега“ на Instagram.
„Роми Стријд буквално го прегрнува животот за новото издание на dsection.“ – пишуваат од списанието.
За секое купено списание, ќе биде засадувано по едно дрво.