Каролина Гочева го одржа последниот концерт од првиот дел од германската турнеја.
На музичкото шоу во Мајнц, 44-годишната македонска пејачка шармираше во дводелна црна комбинација која ѝ ги истакна стомачните мускули. Здолништето со висок шлиц и краткиот топ се дело на Јована Филиповиќ, а за комплетниот стајлинг на Каролина се погрижила Јована Зука.
На својот профил, Каролина сподели фотографии кои се дело на Legacy Event & Marketing.