Жизел Бундшен повеќе не ја крие бременоста.
44-годишната манекенка, која го очекува своето трето дете, беше фотографирана на плажа во Коста Рика со партнерот Хоаким Валенте. Ова е прво заедничко дете на парот кој започна врска месеци по разводот на Жизел со Том Брејди.
Жизел уживаше додека боса чекореше по песочната плажа и си разменуваше бакнежи и прегратки со Хоаким.
Веста за бременоста се дозна пред околу еден месец кога Жизел веќе не можеше да го крие пораснатото стомаче.
Убавата манекенка започна да се состанува со инструкторот по џиу-џицу во јуни 2023 година.
Таа се разведе од Брејди во октомври 2022 година по 13 години брачен живот. Тие заедно имаат две деца, Бенџамин и Вивиан, а Брејди има и син од претходна врска.