Ќерката на Милан Калиниќ се ближи кон полнолетство.
Шармантната Теа го прослави својот 17-ти роденден, а по тој повод, српскиот водител и неговата поранешна сопруга Сандра објавија фотографии и пораки.
„17 години. Тејкили моја луда, паметна, посебна“ – напиша Милан и објави заеднички моменти со славеничката.






И Сандра не пропушти да го одбележи овој специјален ден. „Јас секогаш ќе ти го чувам грбот. Среќен роденден ѕвездо моја најсјајна“ – стои во описот на нејзиниот пост со фотографии.











Милан и Сандра беа во брак од 2006 година, а се разведоа минатата година. Покрај ќерката Теа, тие имаат и син кој се вика Вук.

