Затворската казна прави многу луѓе да се чувствуваат мизерно, но некои привилегирани личности можат дури и да се радуваат, затоа што благодарение на неа заработуваат еден куп пари.
Линдзи Лохан е меѓу славните личности кои со лош публицитет успеваат да заработат пари. Странските медиуми прогнозираат дека одењето в затвор на Линдзи ќе ѝ донесе неверојатни 1 милион долари, само од нејзиното прво интервју.

„Линдзи најверојатно ќе добие 1 милион долари од списанието OK! за нејзиното прво интервју“ – пишува The Hollywood Reporter.
Очигледно 24-годишната актерка ужива во многу привилегии. Наместо 90 дена таа беше во затвор само 13, а се смета дека наместо 3 месеци, таа ќе помине само месец и половина на рехабилитација.