Семејството на Коби Брајант го прослави првиот Велигден по смртта на кошаркарската легенда.
Неговата сопруга Ванеса сподели фотографии и видео со трите ќерки Наталија, Бјанка и Капри од семејните дружби на овој голем христијански празник.
Коби и неговата 13-годишна ќерка Џиана ги загубија своите животи во хеликоптерска несреќа во јануари оваа година.
И по толку трагичен настан, Ванеса дава сè од себе за да биде ведра и позитивна за да може на најдобар начин да се грижи за нивните ќерки.