Едина Муса и Ирина Дишовска снимија забавно видео кое несомнено ќе ве насмее.
33-годишната кошаркарка и македонската планинарка и алпинистка, кои се добри пријателки, танцуваа со трудничките стомачиња на кои беа исцртани смешни лица.
„Кога си луда, но твојата најдобра другарка ја има истата енергија како тебе“ – напиша Муса.
Едина е бремена со своето прво дете со сопругот Александар Димитровски-Мачка, додека Ирина го очекува второто дете со пејачот Павле Камилоски.