Кендис Сванапул ги одушеви присутните на балот МЕТ. Тоа беше нејзино прво појавување на свечен настан откако стана мајка пред седум месеци.
28-годишниот ангел на Victoria’s Secret ја истакна својата тенка половина во црн балски фустан од Topshop. Својот стајлинг атрактивниот модел го надополни со накит од Лорејн Шварц.





Кендис пристигна во музејот на уметноста „Метрополитен“ заедно со својата колешка Беати Принсло, која исто така стана мајка пред околу седум месеци. И Принсло носеше креација од Topshop.





Видео




Претходно, беа објавени фотографии од подготовките на Сванапул.

