Моника Белучи и на 54 години изгледа феноменално. Убавата Италијанка со секое свое појавување покажува дека за неа годините се само бројка.
Шармантната холивудска ѕвезда мамеше воздишки на гала во Париз организирана од списанието Madame Figaro.
На свеченоста, Белучи зачекори во долг фустан со леопардски принт од Александар Воте. Во својот стајлинг, таа додаде чантичка Шанел и сандали од нејзиниот омилен дизајнер на обувки Кристијан Лобутин.












