Ева Лонгорија сними фотосесија за Marie Claire.
Славната актерка, која за четири месеци ќе зачекори во шестата деценија од животот, позираше во модели од врвни модни куќи како Bulgari, Saint Laurent, Jacquemus и Gucci.
Додека некои жени се плашат од стареењето, Ева го прифаќа како составен дел од животот и смета дека најдоброто за неа допрва доаѓа.
„За мене годините се само бројка, но возбудена сум. Одбивам да верувам дека мојот најголем успех е зад мене“ – рекла таа.
Ева редовно тренира и честопати ги споделува своите тренинзи на социјалните мрежи. За физичката активност таа вели:
„Правам сè. Не затоа што не сакам да остарам, туку затоа што сакам да остарам“ – рекла таа.