Каролина Гочева ужива во секој момент поминат со семејството, а особено со своите две внуки.
44-годишната пејачка објави слатки моменти со пораснатите Луција и Инес, а во компилацијата со снимки го постави делот во кој пее „Животот е прекрасен со тебе“ од нејзината песна „Сакај ме“.
Во еден момент на видеата позира и нејзината сестра Александра Гочева Јерчиќ.