Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Жените се уморни од идејата дека не можат да стареат и да бидат убави“: Енди Мекдауел за седата коса и стареењето

„Жените се уморни од идејата дека не можат да стареат и да бидат убави“: Енди Мекдауел за седата коса и стареењето

КОВИД-19 несомнено го промени начинот на живот на сите нас, а кај многумина го промени и изгледот. Затворањето на фризерските салони и рестрикциите придонесе многу жени да го прифатат својот природен изглед и седата коса.

Енди Мекдауел е една од славните личности кои ги менува стандардите за убавина наметнати од општеството. За време на пандемијата, 63-годишната актерка одлучи да престане да користи фарби за коса и се насочи кон природен изглед.

Славната холивудска ѕвезда сними фотосесија за „The Zoe Report“, а во интервјуто изјави:

„Со години сакав да го направам тоа. Потоа, се случи КОВИД и започнав да ги гледам пораснатите корени и помислив дека ми одговара“.

Енди Мекдауел Енди Мекдауел Енди Мекдауел

Енди гордо го покажа новиот изглед на Канскиот филмски фестивал во јули годинава и ја доби почитта на многу жени низ целиот свет.

„Се плашев дека луѓето ќе бидат злобни. Ги читам сите коментари“ – рекла таа.

На нејзино драго изненадување, реакциите беа неверојатни. Армија жени застанаа зад неа подготвени да докажат дека стареењето не треба да биде извор на срам.

Енди Мекдауел

„Мислам дека жените се уморни од идејата дека не можат да стареат и да бидат убави. Мажите стареат и ние продолжуваме да ги сакаме. Сакам да бидам како маж. Не сакам да звучам арогантно, но многу ја сакам мојата коса кога ќе се погледнам во огледалото. Многу е убава“ – додала актерката.

Енди Мекдауел Енди Мекдауел Енди Мекдауел

Енди открива дека првпат била интервјуирана за стареењето и убавината на 40-годишна возраст.

„Беше злобно и грдо. Една жена ме праша: ‘Какво е чувството да остариш и да ја изгубиш твојата убавина?’ Јас не ја гледам убавината на таков начин. Ми се допаѓа стареењето. Се чувствувам удобно со возраста. Тоа не е една од работите кои ми предизвикуваат стрес“ – вели Мекдауел.

Енди Мекдауел Енди Мекдауел

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19713 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.