Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерката Енди Мекдауел за седата коса: „Посреќна сум, ова е најдобриот период во мојот живот“

Актерката Енди Мекдауел за седата коса: „Посреќна сум, ова е најдобриот период во мојот живот“

Енди Мекдауел гордо тврди дека раскрстила со фарбите за коса и дека е многу посреќна од порано.

Во интервју за People, 64-годишната актерка изјави дека престанала да се фарба за време на пандемијата и дека го обожава својот нов изглед. Инспирацијата за тој потег дошла од нејзината сестра.

Енди Мекдауел Енди Мекдауел

„Мојата сестра е целосно седа, а е само 18 месеци постара од мене. Сметав дека изгледа многу поубаво со седа коса. Ѝ завидував“ – рекла Енди.

„За време на КОВИД, можев да си ги видам корените и ми се допадна тоа. Чувствував дека ќе бидам посреќна. И сум посреќна. Навистина ми се допаѓа. Имам 64 години и ова е најдобриот период во мојот живот. На крајот на краиштата, ќе имам сребрена коса“ – додала таа.

Енди вели дека мора постојано да работи на прифаќање и сакање на нејзиното тело додека тоа се менува со текот на годините.

„Како што старееш и стомакот ти се зголемува, а јас имам родено три бебиња. Константно морам да работам на љубовта кон тој дел од моето тело. Многу е тешко... Дури и ако вежбаш, а јас постојано вежбам – пешачам, практикувам јога, јадам супер здраво – толку можеш да направиш.“

„Стареењето е навистина интимен едукатор како да се сакаш себеси, бидејќи не можеш да го запреш. Тоа ќе се случи“ – споделува холивудската актерка.

Енди Мекдауел Енди Мекдауел

Енди постојано зборува за стареењето, за учењето да се сакаме онакви какви што сме и за природниот изглед. Во интервју во септември минатата година, Мекдауел изјави:

„Мислам дека жените се уморни од идејата дека не можат да стареат и да бидат убави. Мажите стареат и ние продолжуваме да ги сакаме. Сакам да бидам како маж. Не сакам да звучам арогантно, но многу ја сакам мојата коса кога ќе се погледнам во огледалото. Многу е убава“.

Енди Мекдауел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19696 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.