Џенифер Анистон го поседува најпосакуваното женско тело меѓу славните, барем така велат резултатите од ново истражување на Yahoo OMG! и списанието Fitness.
Најголем дел од жените признале дека сакаат да го имаат телото на Џен, а мажите се согласиле со ваквиот избор. Најголем дел од претставниците на посилниот пол изјавиле дека сакаат нивната партнерка да има иста форма на телото како славната ѕвезда од серијата „Friends“.
Мажите пак признале дека сакаат да го имаат телото на Вил Смит.
Анистон успеала да ја добие и титулата „Најфит по 40-тата година“, а од мажите во истата категорија за најжежок бил прогласен Бред Пит.
Тонираниот стомак на Анистон е најпосакуван дел од телата на славните. 65% од анкетираните изјавиле дека копнеат по стомачните мускули на Анистон, 12% признале дека ги посакуваат рацете на Камерон Дијаз, 11% откриле дека сакаат нозе како на Блејк Лајвли, 7% го посакуваат задникот на Пипа Мидлтон, а 5% бујните гради на Кристина Хендрикс.
За „Најжежок славен пар“ се прогласени Викторија и Дејвид Бекам.
Резултатите покажале дека Џенифер Лопез е сопственичка на најубавото тело по породување.