Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Жената која ја сакам“: Хавиер Бардем и Пенелопе Круз елегантни и заљубени во Сан Себастијан

„Жената која ја сакам“: Хавиер Бардем и Пенелопе Круз елегантни и заљубени во Сан Себастијан

Хавиер Бардем и Пенелопе Круз беа почесни гости на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Холивудскиот пар, кој е во брак од 2010 година, зрачеше со елеганција и љубов на црвениот тепих на свеченото отворање на манифестацијата во театарот „Kursaal“.

Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз

На свеченоста, Бардем се закити со награда за животно дело, а во својот говор ѝ се заблагодари на Пенелопе за поддршката и грижата во заедничкиот живот.

„До жената која ја сакам и со која го делам животот. Сакам да ти се заблагодарам за она што си и што преземаш одговорност за животот, за животот на твоите деца, за животот на твоето семејство, на твојата мајка, на твоите пријатели, за животот на другите, многуте луѓе за кои не знаеш дека страдаш и за кои се грижиш и секако за животот на овој господин тука, кој те сака и ти се заблагодарува многу за тоа“ – рече Хавиер со треперлив глас.

Пенелопе не можеше да си ги задржи солзите. Таа носеше креација од Шанел.

Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз Хавиер Бардем и Пенелопе Круз

Пенелопе и Хавиер се запознаа на снимањето на „Vicky Cristina Barcelona“ во 2007 година, а три години подоцна ја крунисаа нивната љубов со брак. Тие имаат две деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19760 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.