Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ејми Вајнхаус починала од премногу алкохол, а не поради дрога

Ејми Вајнхаус починала од премногу алкохол, а не поради дрога

Ејми Вајнхаус починала од преголемо количество алкохол, покажала официјалната истрага. Во моментот на смртта, во крвта на познатата пејачка имало пет пати повеќе алкохол отколку законски дозволеното количество за возачи во Велика Британија. Истрагата покажала дека во телото на Ејми немало нелегални супстанции.

Ејми Вајнхаус

Овластените лица потврдиле дека големото количество алкохол било доволно за Ејми да престане да дише и да падне во кома.

27-годишната пејачка која пред очите на јавноста се бореше со зависноста од дрога и алкохол беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на 23 јули оваа година. Во нејзиниот дом полицијата пронашла три шишиња од вотка, две големи и едно мало.

Ејми започнала повторно да пие на 20 јули, неколку дена пред смртта, по апстиненција од три недели.

Ендрју Морис, телохранителот на Ејми, изјавил дека ја слушал како се смее и слуша музика во нејзината спална соба вечерта пред смртта. Направил една проверка во 10 часот утрото, но не зборувал со неа затоа што сметал дека спие. Кога во 15 часот попладне влегол повторно да провери дали сè е в ред, ја видел Ејми како лежи во истата положба и тогаш сфатил дека има проблем. Познатата пејачка немала пулс, па телохранителот повикал брза помош. Медицинските лица не можеле да направат ништо и ја прогласиле Ејми за мртва.

Музичките хитови како „Back to Black“, „Rehab“ и „Just Friends“ ќе останат да нè потсетуваат за нејзиниот несекојдневен талент.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19141 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.