Роденденска еуфорија завладеа во Gold Felicia. Популарниот комплекс во Битола го прослави третиот роденден со македонска музика и весели здравици.
Влатко Лозаноски – Лозано и ДНК беа ѕвездите со чии хитови се забавуваа распеаните и разиграни гости кои уживаа на отворено во летниот сектор на Gold Felicia.
На самиот старт на роденденската свеченост, актерот Никола Пројчевски им се заблагодари на присутните и со шампањ ја отвори забавата.
„Gold Felicia е место каде што луксузниот амбиент, гастрономската извонредност, топлото гостопримство и хипнотизирачката забава се испреплетуваат во совршена хармонија која нè прави дестинација која во изминативе години стана синоним за добрата забава.“
„Најпрво, дозволете ми да изразам срдечна благодарност до секој еден од вас кој нè удостои со своето присуство оваа вечер и да ви кажам дека вашата лојалност и ентузијазам беа движечка сила и постојана мотивација на патот кон нашиот успех. Вие, почитувани мои, сте срцето на Gold Felicia и вашата поддршка за нас е непроценлива“ рече тој.
На летната сцена, Владимир Блажев - Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј од ДНК ги отпеаја „Таа тоа го крие“, „Едно тело“, „Кога би знаела сè“ „Амајлија“ и „Брате Животе“. Македонското дуо го покани на бината и Димитар Андоновски, кој е дел од тимот на Gold Felicia.
Лозано ја продолжи енергичната забава со „Јако јако“, „Надеж“, „Мандарина“, „Очи што тајни кријат“, „Ова лето ќе се памти“, „Кога мене ќе ме немаш“ и „Маскенбал“. Во рамките на роденденската недела, следува луда ноќ со Светлана Ражнатовиќ - Цеца на 18 јули и два спектакуларни перформанси на Кабаре Шоу.
Фото: Ивона Кочов / Femina.mk