Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елтон Џон: „На мојата надгробна плоча сакам да пишува дека бев одличен татко“

Елтон Џон: „На мојата надгробна плоча сакам да пишува дека бев одличен татко“

Елтон Џон беше прогласен за Икона на годината од страна на „TIME“.

Во интервјуто за списанието, 77-годишниот пејач сподели дека се гордее со својата музичка кариера, но дека најважни во животот му се неговите две деца кои ги има со Дејвид Фурниш.

„На мојата надгробна плоча сè што сакам да пишува е: ‘Тој беше одличен татко’“ – рекол Елтон.

Елтон Џон Елтон Џон Елтон Џон

„Мојата музика зборува сама за себе. Сакам да бидам запаметен како одличен сопруг, но уште подобар татко. Музиката и кариерата се фантастични. Но, најважното нешто за мене во мојот живот е да се уверам дека моите деца се среќни, дека имаат прекрасен живот и дека јас бев добар за нив. Тоа е она што е важно“ – изјави Џон пред неколку дена.

Неодамна, во интервју со Енди Коен, Џон рече: „Имав неверојатен живот, одлична кариера, неверојатни постигнувања, музика, бла бла бла, но би рекол дека Дејвид и нашите синови се најважното нешто за мене.“

Елтон Џон Елтон Џон Елтон Џон Елтон Џон

Токму за да помине повеќе време со децата, Џон одлучи да престане да патува и да одржува турнеи. „Затоа престанав да патувам, за да го поминам подоцнежниот дел од мојот живот со нив“ – рекол тој.

Елтон и Дејвид започнаа врска во 1993 година, а стапија во брак во 2014 година. Тие имаат двајца синови родени од иста сурогат-мајка.

Елтон Џон Елтон Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.