Марго Роби со сопругот Том Акерли пристигнаа на Вимблдон за да проследат полуфинален меч на тенискиот турнир.
Ова е прво појавување на јавен настан на 34-годишната актерка по соопштувањето на веста дека го очекува своето прво дете. Марго носеше бела креација со точкест принт и црни обувки.
Ѕвездата од „Barbie“ го истакна трудничкото стомаче за време на одморот во Италија. Извори блиски до парот ја потврдија веста за бременоста за странските медиуми.
Марго важи за една од најдобро облечените славни дами. За време на промотивната турнеја за „Barbie“, таа наидуваше само на комплименти за изгледот.
Марго и Том се запознаа на снимањето на „Suite Française“, а во 2016 година стапија во брак. Тие се партнери и професионално, односно се двајца од четворицата основачи на LuckyChap Entertainment, под чија капа се продуцирани повеќе филмови меѓу кои „Barbie“ и „Birds of Prey“.