Викторија и Дејвид Бекам беа пар со стил и харизма на свечена вечера организирана од кралот Чарлс на неговиот имот во Хајгров.
На свеченоста во Англија, 50-годишната дизајнерка шармираше во бела креација од своето ателје, која чини над 1.200 долари. 49-годишниот поранешен фудбалер носеше класичен црн костум и машна.



На британско-италијанската вечер, парот разговараше со кралот Чарлс, кралицата Камила, како и со актерката Хелен Мирен. Вечерата беше организирана пред планираната посета на кралот Чарлс на Италија.











