Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер присуствуваа на доделувањето на наградите „Бамби“, кое се одржа во Берлин. На манифестацијата, успешниот германски фудбалер се закити со статуетката „Special Jury“.
29-годишната српска тенисерка во елегантен фустан од модната куќа Ралф и Русо шармираше покрај својот 32-годишен сопруг. Стилскиот избор, Ивановиќ го надополни со накит од Шопард.










На Instagram, познатата спортистка сподели фотографија со саканиот Бастијан и во описот напиша: „Многу се гордеам со тебе“.