Десетте најлајкувани фотографии на Instagram имаат само три сопственици – Бијонсе, Селена Гомез и Кристијано Роналдо.
Фотографијата со која Бијонсе објави дека е бремена со близнаци го обиколи светот и досега има 11,2 милиони лајкови. Нејзината фотографија со родените бебенца Сер и Руми застана на четврто место на листата.
Селена Гомез дефинитивно е најпопуларната личност на социјалната мрежа за споделување фотографии. Од листата „топ 10“, таа поседува дури пет од фотографиите. Најпопуларна ѝ е фотографијата со која сподели со светот дека си направила трансплантација на бубрег благодарение на нејзина пријателка. Исто така, мошне популарни ѝ се фотографиите со музичарот The Weeknd, со кого раскина пред да ја обнови врската со Џастин Бибер.
Кристијано Роналдо со три семејни фотографии се најде во „топ 10“. На едната го објавува раѓањето на првото дете со Џорџина Родригез, на другата ја споделува веста дека ги доби близначињата Ева и Матео со помош на сурогат-мајка, додека на третата позира со Џорџина и трите деца.