Крис Хемсворт и Елза Патаки имаа ретко заедничко појавување на свеченост со двете синчиња.
41-годишниот актер и 48-годишната актерка со 10-годишните близнаци Саша и Тристан присуствуваа на австралиската премиера на филмот „Transformers One“.
Елза шармираше во комбинезон во бургундец нијанса од Zimmermann, кој го надополни со накит од Bulgari и сандали од Jimmy Choo.
За прикажувањето на неговиот нов филм во Сиднеј, Крис носеше костум од Brioni.
Крис и Елза започнаа да се состануваат на почетокот од 2010 година, а стапија во брак за време на божиќните празници истата година. Тие заедно имаат три деца.
На настанот не беше присутна нивната ќерка Индија, која има 12 години.