Андријана Јаневска моментално е на фамилијарна зимска авантура.
Македонската пејачка со двајцата синови ужива во Лапонија, Финска. Тие го посетија Дедо Мраз, скијаа во Леви Ски ресортот, се возеа на моторна санка и ловеа риби во замрзнато езеро.
Јаневска сподели фотографии и видеа со синовите Димитар и Кристијан.
„170km северно од Арктичкиот круг, топол поздрав од снежната Лапонија!“ - напиша таа во описот на фотографиите на Facebook.