Северина Вучковиќ избега од ладното време и заслужено уживаше на тропска дестинација.
52-годишната хрватска пејачка сподели егзотични фотографии направени во ресортот „Six Senses Kanuhura“ на Малдиви. На дел од нив таа позира во фустан кој ѝ ги истакнува тонираните стомачни мускули, а на останатите е во костими за капење. Слободно може да се каже дека Северина изгледа неверојатно.
Новата година, Северина ја дочека со синот во Сараево, каде пееше пред 55 илјади обожаватели.