Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделени Греми наградите 2013

Доделени Греми наградите 2013

За разлика од 2010 година, кога Бијонсе си замина со шест грамофони и од минатата година, кога Адел зграпчи исто толку награди, оваа година на Греми наградите немаше еден голем победник.

Во најзначајната вечер во светот на музиката се истакнаа помалку популарни музички имиња. Fun., Gotye и Mumford & Sons ги собраа најпосакуваните награди на вечерта.

Mumford & SonsMumford & Sons

Англискиот бенд Mumford & Sons ја прими наградата Албум на годината за „Babel“. Рокерите од The Black Keys однесоа дома три големи награди и тоа Најдобар рок албум, Најдобра рок песна и Најдобра рок изведба.

Готје доби три награди, меѓу кои наградата Запис на годината за мега хитот „Somebody That I Used To Know“, додека „We Are Young“ на Fun. беше прогласена за Песна на годината.

Готје и КимбраГотје и Кимбра

Минатогодишната миленичка Адел ја прими наградата за Најдобра поп соло изведба за „Set Fire To The Rain“.

АделАдел

Бијонсе ја зголеми својата Греми колекција со наградата за Најдобра традиционална R&B изведба за „Love On Top“. Џеј-Зи и Кание Вест ја добија наградата за Најдобра рап изведба за изведбата на „N****s In Paris“, која беше прогласена за Најдобра рап песна.

Бијонсе и Џеј-ЗиБијонсе и Џеј-Зи

Наградата за Најдобра кантри песна заврши во рацете на Кери Андервуд за „Blown Away“.

Кратка листа на победниците

RECORD OF THE YEAR: Gotye feat. Kimbra, „Somebody That I Used To Know“
ALBUM OF THE YEAR: Mumford & Sons, „Babel“
SONG OF THE YEAR: fun., „We Are Young“
BEST NEW ARTIST: fun.
BEST POP SOLO PERFORMANCE: Adele, „Set Fire to the Rain“
BEST POP DUO PERFORMANCE: Gotye feat. Kimbra, „Somebody That I Used To Know“
BEST POP VOCAL ALBUM: Kelly Clarkson, „Stronger“
BEST DANCE RECORDING: Skrillex feat. Sirah, „Bangarang“
BEST DANCE/ELECTRONICA ALBUM: Skrillex, „Bangarang“
BEST ROCK SONG: The Black Keys, „Lonely Boy“
BEST ROCK ALBUM: The Black Keys, „El Camino“
BEST ALTERNATIVE MUSIC ALBUM: Gotye, „Making Mirrors“
BEST R&B PERFORMANCE: Usher, „Climax“
BEST TRADITIONAL R&B PERFORMANCE: Beyonce, „Love On Top“
BEST R&B SONG: Miguel, „Adorn“
BEST URBAN CONTEMPORARY ALBUM: Frank Ocean, „Channel Orange“
BEST R&B ALBUM: Robert Glasper Experiment, „Black Radio“
BEST RAP PERFORMANCE: Jay-Z & Kanye West, „N****s in Paris“
BEST RAP/SUNG COLLABORATION: Jay-Z, Kanye West & Frank Ocean, „No Church In the Wild“
BEST RAP SONG: Jay-Z & Kanye West, „N****s in Paris“
BEST RAP ALBUM: Drake, „Take Care“
BEST COUNTRY SOLO PERFORMANCE: Carrie Underwood, „Blown Away“
BEST COUNTRY SONG: Carrie Underwood, „Blown Away“
BEST SHORT FORM MUSIC VIDEO: Rihanna feat. Calvin Harris, „We Found Love“
BEST LONG FORM MUSIC VIDEO: Mumford & Sons, „Big Easy Express“

Целосната листа на победници

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20832 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.