Ријана точно знае како да го украде вниманието. 24-годишната пејачка блесна на доделувањето на Греми наградите во нежен црвен фустан на Азедин Алаја.
Елегантната креација Ријана ја имаше искомбинирано со црвени сандали од Маноло Бланик и накит од Нил Лејн.
Славната убавица од Барбадос на црвениот тепих претстави и попрефинета фризура со големи бранови, што ги потсети фановите на имиџот со кој Ријана започна да се пробива на музичката сцена.
Во текот на манифестацијата Ријана седеше до нејзиното момче Крис Браун. Ова е прв настан на којшто двајцата се појавуваат како пар по обновувањето на врската.