Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделени Американските музички награди 2010

Доделени Американските музички награди 2010

Вчера во Лос Анџелес се одржа 38-то по ред доделување на Американските музички награди. Во Нокиа театарот се собраа голем број музички ѕвезди за да направат спектакл каков што ѝ доликува на една ваква манифестација.

Победник на вечерта беше Џастин Бибер кој успеа да ја грабне престижната награда за Изведувач на годината.

Тинејџерската сензација успеа да ги победи Еминем, Кејша, Лејди Гага и Кети Пери и стана најмладата ѕвезда во историјата којашто го освоила трофејот за Изведувач на годината.

Џастин Бибер со освоените наградиЏастин Бибер со освоените награди

„Не можам да престанам да се смеам, прекрасно е. Искрено не знам како е ова можно затоа што пеев песни од Еминем уште на 3 години, а Ашер е мој ментор. Ова е нешто големо“ – изјавил 16-годишниот Бибер откако ги победи и Еминем и Ашер и го освои трофејот за Омилен машки изведувач во категоријата поп/рок. Освен тоа, Бибер ги освои наградите и за Дебитант на годината и за Албум на годината во категоријата поп/рок.

Ашер успеа да однесе дома две награди и тоа Омилен изведувач во категоријата соул/R&B и Омилен албум во истата категорија.

Тејлор Свифт, која лани доминираше со пет освоени награди, оваа година ја доби само наградата за Омилен женски кантри изведувач.

Еве ја целосната листа на победници:

Soul/R&B Album: Ашер за „Raymond v. Raymond“
Soul/R&B Male Artist: Ашер
Soul/R&B Female Artist: Ријана
Pop/Rock Album: Џастин Бибер за „My World 2.0“
Pop/Rock Male Artist: Џастин Бибер
Pop/Rock Female Artist: Лејди Гага
Pop/Rock Band, Duo or Group: The Black Eyed Peas
Rap/Hip-Hop Album: Еминем за „Recovery“
Rap/Hip-Hop Male Artist: Еминем
Country Band, Duo or Group: Лејди Антебелум
Country Album: Кери Андервуд за „Play On“
Country Female Artist: Тејлор Свифт
Country Male Artist: Бред Пејсли
Contemporary Inspirational Artist: MercyMe
Soundtrack: Glee: The Music, Volume 3 - Showstoppers
Latin Music Artist: Шакира
Alternative Rock Artist: Muse
Adult Contemporary Artist: Мајкл Бубле
Breakthrough Artist: Џастин Бибер
Artist of the Year: Џастин Бибер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.