Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина неодамна станаа родители. 31-годишниот пејач ги сподели првите фотографии од малото синче, кое го доби името Михаил.
„Денес нашата радост Михаил ја прими Големата молитва. Нека ни е здрав и жив и благословен од Бога“ – напиша Андоновски во описот на фотографијата со слаткиот Михаил и сопругата. На неа, таткото и синот се облечени во исти кошули.
На втората фотографија, на шпикозните на бебето пишува: „Татко ми е број 1“.
Претходно, Димитар имаше споделено фотографија на која синчето му го држи прстот.