Дизни потврди дека ќе има продолжение на зимската бајка „Frozen“.
Со оглед на фактот што „Frozen“ е најуспешниот анимиран филм на сите времиња со заработка од 1,3 милијарди долари, не е изненадување што Дизни сака да го повтори огромниот успех.

Нема дополнителни информации за премиерата или пак за актерите. Режисерското дуо составено од Џенифер Ли и Крис Бак ќе застане и зад новиот филм.


