Дејвид и Викторија Бекам ја очекуваат својата прва ќерка, пишува британскиот весник The Sun.
Докторите вчера им ја соопштиле среќната вест на Бекамови. Викторија направила преглед со 4Д ултразвук и докторите ја увериле дека сè е во ред со развојот на фетусот.
Иако славниот пар сè уште ја нема потврдено веста, британските медиуми успеале да се поврзат со блиски на Дејвид и Викторија кои потврдиле дека целото семејство е пресреќно.
„Дејвид и Викторија се пресреќни. Ова ќе биде нивното последно дете, а тоа што им кажаа дека е девојче е црешата на тортата“ – изјавил близок на Бекамови.
Викторија не ја криеше желбата дека сака да го прошири своето семејство со ќерка. По сè изгледа дека Бруклин, Ромео и Круз на лето ќе добијат сестричка.