Поврзаноста на Дејвид Бекам со ќерката Харпер е огромна, но нивната блискост многу често наидува, како на позитивни, така и на негативни критики.
48-годишниот поранешен фудбалер сподели видео во кое 12-годишното девојче го шминка пред да се упатат на ревијата на Викторија. На крајот, тие се бакнуваат в уста, што привлече многу коментари.

Додека едни ја критикуваат оваа навика, потенцирајќи дека Харпер е веќе порасната девојка, други го оправдуваат нивното бакнување, велејќи дека нема ништо погрешно во таквото искажување на љубов помеѓу татко и ќерка.
„На секоја девојка ѝ треба ваков татко во животот“, „Апсолутно ми го стопи срцето. Колку одличен татко и пример за сите“, „Ми се допаѓа вашата врска татко-ќерка. Ми го топли срцето“, „Ми се допаѓа фактот што нејзиниот татко ѝ дозволува да му прави сè што сака. Најслаткиот татко и најчовечниот“, и „Татко кој си го бакнува детето, само некој со искривен мозок може да види нешто чудно во тоа“ – се дел од коментарите на неговото видео.
Харпер изгледаше прекрасно во елегантен бел фустан и обувки со дебели потпетици.












