Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Бекам објави приватна фотографија од бремената Викторија

Дејвид Бекам објави приватна фотографија од бремената Викторија

Викторија Бекам скоро девет месеци се обидуваше да го сокрие големото стомаче, а неодамна изјави дека никогаш не би се разголила за време на бременоста.

Но, нејзиниот сопруг исто како да не ги слушал желбите на Викторија. Дејвид вчера на Facebook објави приватна фотографија од својата бремена сопруга. На црно-белата фотографија може да се види 37-годишната дизајнерка како се сонча.

Викторија Бекам

„Ја сликав оваа фотографија од Викторија додека не гледаше. Изгледа прекрасно, толку сме блиску до раѓањето на бебето“ – напишал Дејвид.

Неодамна Викторија изјави дека е против позирањето со стомаче: „Не сум од тие личности што сакаат да позираат и да се покажуваат кога се бремени. Не велам дека тоа не е во ред. Горда сум што сум бремена и се чувствувам многу благословена и среќна, навистина. Но, не сум таква личност. Па, не, нема да се соблечам. Не мислам дека некој треба да го види тоа, освен мојот сопруг. Апсолутно не“ – рекла таа за WWD.

Според информациите пласирани во странските медиуми, Викторија требаше да се породи со царски рез на 4 јули. Во прашање се денови до раѓањето на првата ќерка на Бекамови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.